New Activity
Play Matching Pairs

Клисура претставува длабока всечена долина со стрмни страни. Настанува со вертикална ерозија т.е. со всечување на водниот тек.

Ада (речно острово) настанато со таложење на речните наноси во долниот тек на рамничарските реки, на места каде е намалена механичката сила на водотекот.

Кањон е многу тесна, длабока долина направена од река низ отпорна карпа и има стрмни, речиси вертикални страни.

Меандра е географски поим за река која змијулесто тече во облик на латинската буква S. Името го добила по реката Меандру во Турција (тур. Büyük Menderes).